Ристовски удри по судиите во БиХ: Ниту сум видел, ниту сум слушнал дека некаде е така на друго место!

by Стефан
1 минути читање

Maкедонскиот фудбалер Стефан Ристовски зборуваше за проблемите со арбитражата во првенството на БиХ каде што го носи дресот на Сараево.

Според Ристовски судењето е на едно ниско нио.

„Лигата е интеересна, има добри фудбалери, млади талентирани…Ако нас не ни дозволуваат да играме фудбал, тогаш нема никаква смисла. Не зборувам дека некој треба да се фаворизира. И судиите се луѓе можат да направат греешка, но ги молам да остават да играме и нека победи подобриот“, зборуваше Ристовски.

Посебно истакна дека впечатоот на гостинските натпревари е посебно лош.

„Гостувањата…Ниту, на едно не видов досега да биде рамноправен натпревар. Прв би му честитал на противникот да е подобар. Лигата би била многу поинтересна, ако се среди судењето. Ова нема смисла, луѓето вложуваат огромни пари. Судиите мора подобро да се однесуваат кон фудбалерите, јас во кариерата тоа не сум го видел, ниту сум слушнал дека некаде така се однесуваат. На Кошево е во ред, но кога ќе излезете од Сараево…“, истакна поранешниот македонски репрезентативец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×