Ристовски: Требаше да играм 30 минути, но ризикував за Македонија

by
0 минути читање

Натпреварот против Словенија беше прв меч за Стефан Ристовски оваа сезона, тој се уште нема настап за Спортинг Лисабон откако се повреди. 

Ристовски одигра 80 минути, а потоа беше заменет со Тошевски. Тој вели дека планот бил да одигра значително помалку.

„Планот беше да одиграм 30 минути, но ризикував за Македонија. Поради тоа тука има и човек од Спортинг, но желбата да играм пред нашата публика беше голема. Драго ми е што стадионот се наполни и луѓето видоа дека Македонија може да игра против секого“, изјави Стефан Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×