Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва (20,45)
гостува кај Италија во Торино во претпоследното, деветто коло од групата „Г“ од
квалификациите за СП Русија 2018.
Во таборот на нашата селекција се наоѓа и 25 годишниот
интернационалец од редовите на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, за кого
португалски „Ожого“ пишува дека би бил од голема корист за неговиот тренер
Жорге Жезус.
Тимот од Лисабон за следен предизвик во Лигата на
шампионите го има токму Јувентус од Торино, каде вечерва игра нашата
репрезентација, па во веста се вели дека Ристовски ќе биде од голема корист за
Жесус за тој меч.
„Ристовски ќе биде таен агент во сервис на Жесус во
Италија“ пишува во својот наслов „Ожого“.
„Стефан Ристовски во петок ќе биде на некој начин „таен
агент“ на Жорге Жесус во мисијата да нотира се што може околу Јувентус за
следната пресметка во Лигата на шампионите, предвидена да се одигра на 18-ти
овој месец“ додава истиот медиум.
Извор/Фото-вест: www.ojogo.pt