355
Динамо Загреб го одигра првиот натпревар под водство на овиот тренер Фабио Канаваро. Тимот од „Максимир“ на подготовките во Турција се судри со украинскиот гигант Шахтјор и одигра без победник 2-2.
Бидејќи беше прв меч по паузата се играше во три дела, првите два траеја по половина час, а третиот 45 минути. Динамо водеше по првиот де со голот на Лука Стојковиќ, за потоа Шахтјор да направи пресврт. Сепак, на крајот Арбер Хоџа донесе реми (2-2).
На овој натпревар стартер и 60 минути доби македонскиот бек Стефан Ристовски. Тој е еден од играчите на кои поранешниот светски првак Канаваро ќе смета во иднина, а веќе побара од управата продолжување на договорот.