Ристовски: Ријека ќе ми остане во убаво сеќавање, сега сум горд и среќен што ќе играм за Динамо Загреб

by
1 минути читање

Стефан Ристовски денеска беше презентиран како ново засилување на Динамо Загреб, тој може да стане еден од ретките фудбалери кој со два различни клуба станал шампион на Хрватска откако претходно тоа го направи со Ријека.

„Горд сум и среќен што станав играч на Динамо. Големо е задоволството и честа да се потпише за клубот кој има освоено најмногу титули во историјата на Хрватска и кој редовно игра во натпреварувањата на УЕФА, тоа се големи успеси и важни резултати. Сите знаат каков статус има Динамо и тука и надвор од границите“, вели Стефан Ристовски.

„Со Ријека пред три години го освоив првенството, тоа беше голем успех за градот и за клубот. Тие моменти ми се во најдобри сеќавања, се надевам дека такви ќе имам и со Динамо“.

„Во Португалија ја почувствував разликата меѓу Ријека и Спортинг Лисабон, бидејќи во хрватската лига играв пред 10.000 публика, а во Лисабон на секој меч имаше по 40.000 гледачи. Настапот за Спортинг за мене е преубава авантура која секогаш ќе ја носам со мене“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×