Ристовски пред заминување од Динамо Загреб, не сака да игра за помала плата

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Стефан Ристовски е пред заминување од Динамо Загреб, Македонецот не го прифатил новиот договор кој му бил понуден.

Стефан Ристовски е на добар пат да го напушти Динамо Загреб по крајот на сезоната.

Македонецот е под договор со „модрите“ до 30. јуни и преговорите за нова соработка не одат во посакувана насока.

Како што пренесуваат медиумите, Стефан Ристовски го одбил последниот предлог на Динамо Загреб.

Десниот бек не е задоволен од финансискиот дел, односно од тоа што од сегашните 700.000 евра по сезона, треба да се спушти на 450.000-500.000 фунти по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани