Португалски „Рекорд“
пренесува дека Спортинг Лисабон ова лето ќе се засилува во Хрватска, и тоа во овогодинешниот шампион на таа земја, Ријека, каде настапуваат нашите интернационалци Леонард Жута и Стефан Ристовски.
Според информациите кои пристигаат од Португалија, дури петмина се на листата на желби на тимот кој го води Жорге Жезус, меѓу нив и Стефан Ристовски.
За интересот на португалската екипа за ангажман на македонскиот репрезентативец, португалските медиуми пишуваа на големо, нашиот бек наводно му бил понуден на тренерот Жорге Жезус како решение за десната бековска позиција, па останува отворено прашањето дали летово Ристовски ќе се пресели во Лисабон, или пак ќе остане во Ријека и со овој тим ќе се бори за влез во Лигата на шампионите.
Покрај нашиот Ристовски, интересни за Спортинг се уште и Брадариќ, Мишиќ, Елез и Гаврановиќ.
Исто како и
Ријека, Спортинг за влез во елитното европско клупско натпреварување ќе се бори
преку квалификациите, откако заврши на третото место во „Примера“.
Идната среда,
Стефан Ристовски и Леонард Жута ќе атакуваат и на куп титулата во Хрватска, за
противник го имаат големиот ривал Динамо од Загреб.