Ристовски открива: Му дадов збор на АЕК, а потоа Мамиќ за 24 часа ме донесе во Динамо

by bojan
1 минути читање
Ристовски се сели во редовите на босанскиот гигант Сараево.

Стефан Ристовски откри како се случил неговиот трансфер во Динамо Загреб, тој има договорено позајмица во грчки АЕК, но потоа на сцена стапил легендарниот Здравко Мамиќ и за 24 часа го донел во Хрватска.

По четири години поминати во дресот на „модрите“, Стефан Ристовски минатото лето го напушти Загреб и се пресели во Сараево.

Во разговор со медиумите од Босна, десниот бек сега откри како завршил во дресот на Динамо.

„Бев во Спортинг, се искомплицираа работите и морав да одам, морав да најдам решение“ – вели поранешниот репрезентативец на Македонија“.

„Имав уште две ипол години од договорот, и со агентот се договориме дека бараме трансфер, а не позајмица, ама никој не сакаше да плати“.

„Останав во Спортинг уште шест месеци, но не сум во составот, само тренирам и играм за репрезентацијата“.

„Доаѓа зимскиот преоден рок, остануваат уште три дена и му дава збор на АЕК од Грција дека доаѓам на позајмица“.

„Искрено не знам како дознал, но ми се јави Здравко Мамиќ и ме праша дали сакам да им се придружам. И јас реков, секако. Тој вели, првиот авион и доаѓаш веднаш, а јас му велам, па шефе, веќе му дадов збор на АЕК“.

„Он продолжи, „ма каков АЕК, знаеш што сме ние за АЕК“… Човекот го реши трансферот за 24 часа!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×