Ристовски останува до 2024 година во Спортинг, ќе добие и поголема плата

by
1 минути читање

Според португалскиот весник „Ожого“, Спортинг Лисабон е задоволен од Стефан Ристовски и соработката ќе биде продолжена за дополнителни две години од актуелниот договор.

Ристовски во сегашниот договор со Спортинг има клаузула според која клубот има опција до април да ја продолжи соработката со него на уште две години, тој ќе добие и поголема плата.

Новиот договор кој наскоро треба да го потпише Ристовски ќе биде со трајност до 2024 година.

Според податоците на „Ожого“, Ристовски сега годишно заработува 400.000 нето плата по сезона, односно 800.000 бруто. Со новиот договор тој ќе добие дополнителни 25.000 евра нето плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×