Ристовски: Не постои поголем мотив од меч против Европскиот шампион

by
1 минути читање

Стефан Ристовски вели дека нема потребна нашите фудбалери посебно да се мотивираат, доволно е тоа што знаат дека играат меч против Европскиот првак.

“Горд сум што сум предводник на оваа генерација. Се чувствувам исполнето, дојде денот кога ние ќе играме бараж за Мундијал. Не постои поголем мотив од натпревар против Европскиот шампион“, вели Ристовски на денешната прес конференција.

Утре на селекторот Благоја Милевски му е роденден, а Ристовски се надева дека со победа ќе може да му го честитаат.

„Се надевам дека утре со победа ќе му го честитаме роденденот на селекторот и ќе ја израдуваме нацијата“.

„Не би сакал да извојувам поединци во италијанската репрезентација, нив колективот ги однесе до европскиот врв, тоа е нивната сила. Имаат голема конкуренција, првенството им се силно и им го дозволува тоа. Верувам дека нашите напаѓачи ќе го искористат отсуството на Бонучи и Кјелини“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани