Ристовски: Ќе го истетовирам трофејот и градот

by
1 минути читање

На „Кантрида“ се развеа македонското знаме, македонските репрезентативци и стандардни дефанзивци
од редовите на новиот шампион на Хрватска, Стефан Ристовски и Леонард Жута
прославија титула со Ријека.

Ристовски се
најде во фокусот на вниманието на хрватските медиуми откако откри кои му се
плановите околу тоа како да ја остави освоената титула со Ријека во своите
сеќавања.

Јас сум
Ријечанин, последните месец дена се шегувавме дека ќе го истетовирам овој
трофеј и овој град, доколку си заминам од клубов еден ден, би сакал кариерата
да ја завршам токму тука. Тренинзи? Извинете, ќе ме нема  одреден период
“ на шега прокоментира
Ристовски кој најави голема прослава.

Ристовски во
изјавата додаде дека првиот трофеј во неговата кариера засекогаш ќе му остане
во срцето, притоа најави и титула во Купот на Хрватска, наредната среда следи
финалната пресметка против големиот ривал Динамо Загреб.

Хрватските
медиуми пренесуваат дека
амбициозниот хрватски клуб ќе им исплати богати премии на своите фудбалери за огромниот успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани