Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со 11 бода
го заврши квалификацискиот циклу за СП Русија 2018, во рамките на групата „Г“
заврши на петтото, претпоследно место, зад Шпанија, Италија, Албанија и Израел,
а без бодови во оваа конкуренција заврши аутсајдерот Лихтенштајн.
Веќе можеме и да ги сумираме впечатоците од овој
квалификациски циклус, па не е лошо да ги извадиме статистичките податоци во
однос на тоа кои фудбалери имаат најмногу настапи во изминатите квалификации,
односно кој има најголема минутажа од истите натпревари.
25 годишниот бек кој по потреба игра и во офанзивната
крилна страна, Стефан Ристовски изминатото лето доби награда за своите блескави
изданија во хрватскиот првак Ријека, па премина во редовите на португалски
гигант Спортинг Лисабон, каде допрва треба да се докажува.
Не треба да чуди дека Ристовски е еден од физички најподготвените македонски фудбалери, а токму тој е фудбалерот кој ги одигра сите минути од
квалификациите за нашата селекција, вкупно 900.
По него следи 34 годишниот Горан Пандев, кој беше дел од
сите натпревари на Македонија, но на терените мина нешто помалку од Ристовски,
поточно 849 минути на 10 средби. Искусниот фудбалер беше од голема корист за
тимот на Ангеловски и во голема мера помогна за позитивни резултати во
последниов период, а македонската јавност од него очекува да помогне и во
следниот квалификациски циклус.
По водечките Ристовски и Пандев, следи листа на фудбалери со по 9 настапи, ја предводи Езгјан Алиоски со 810 минути, па дефанзивецот Кире Ристевски со 807 минути, односно Илија Несторовски со 776
минути, па Стефан Спировски кој на терените мина 726 минути.
Извор: uefa.com
Фото-вест: 24фудбал (архива, Македонија – Шпанија)