165
Португалските медиуми силно шпекулираат дека Стефан Ристовски наскоро ќе потпише за Спортинг Лисабон. „Рекорд“ отиде и дотаму што напиша дека клубот и фудбалерот веќе се договориле.
Но по синоќешниот меч од квалификациите во Лигата на шампионите помеѓу Ријека и Салцбург, Ристовски негираше дека заминува за Спортинг.
„Нема ни збор за трансфер, верувајте ми, јас прв би дознал ако има нешто, но нема ништо ни блиску готово. Никој не знае што може да се случи до крајот на преодниот рок, но пред дуелот со Салцбург претседателот ми рече да се грижам само за Ријека“ – вели Ристовски.