90
Ријека го симна
од тронот Динамо Загреб по долгогодишната доминација во Хрватска, покрај тоа
што ја освои титулата во првенството, стигна и до трофејот во Купот, каде беше
подобра од својот ривал од Загреб.
Според
информациите кои ги пренесуваат дел од хрватските медиуми, се вели дека
фудбалерите и целиот стручен штаб на Ријека ќе поделат премија од 500 илјади
евра за големиот успех сезонава.
Ријека ќе игра во
квалификациите за Лигата на шампионите, останува отворено прашањето дали Стефан Ристовски ќе остане во хрватскиот шампион и следната сезона со оглед на големиот интерес кои пристигнува за неговите услуги од неколку европски клубови.