151
Спортинг Лисабон дефинитивно има состав кој е респектабилен
во Лигата на шампионите сезонава,а радува фактот што вечерва нашиот Стефан
Ристовски е стартер во дуелот против Јувентус во четвртото коло од групата „Д“.
Португалскиот тим исто како и на претходниот меч во
Торино кој го загуби со 2-1, и вечерва прв дојде до водство и тоа со голот на
Цезар во 20. минута, а ќе издвоиме и дека нашиот Ристовски одлично се прикажува
во пресметката со гигантот од Италија.
Спортинг со ова водство моментално го презема второто
место во конкуренцијата каде Барселона е прва со десет бода, португалскиот тим
заедно со Јувентус моментално имаат по шест бода.