Ристовски: Голема чест ми е што ќе бидам новиот капитен на Македонија, Пандев ќе ми биде пример

by
1 минути читање

Македонија квалификациите за Светското првенство ги продолжува со нов селектор, но и со нов капитен, Стефан Ристовски.

„Уште еднаш јавно сакам да му се заблагодарам на Пандев кој има многу постигнато во оваа репрезентација и треба да ни биде пример. Се надевам дека Горан ќе го испратме како што заслужува капитен на оваа нација. Голем чест ми е што сега јас сум капитен на Македонија, а Горан Пандев ќе ми биде пример како треба да се однесувам, благодадрност и до силекторот што ми ја даде довербата да бидам предводник. Ние поискусните треба со својот однос на теренот и надвор од него треба да бидеме пример за сите“, вели Стефан Ристовски. 

„Фудбалот сега е таков да веќе нема многу време за размислување, немаме време да се запознаеме, имаме промени, но професионалци сме ќе продолжме таму каде што засатанвме. Се надевам на позитивен резултат дека ќе ја почнеме оваа нова ера“.

„По настапот на Европското првенство Македонија е гледана со други очи од противниците. Ние треба да бидеме горди на тоа, да знаеме да се носиме, да играме со самодоверба и секогаш да имаме големи цели“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×