Како што се најавуваше, полека но сигурно се остварува, македонскиот репрезентативец и член
на хрватскиот првак Ријека, 25 годишниот десен бек Стефан Ристовски, наводно веќе
ги договорил личните услови со португалскиот гигант.
Според пишувањата
на „Рекорд“, се вели дека тимот од Лисабон останува во трката по Македонецот,
за кого се вели дека е приоритет за тимот на Хорхе Хесус.
Сепак,
неофицијално, Спортинг Лисабон во моментов е подготвен да издвои 2 милиони евра
за нашиот фудбалер, додека пак Ријека бара 4 милиони евра за својот фудбалер.
Ќе издвоиме дека
Ристовски и Ријека синоќа го минаа Салцбург во третото квалификациско коло од
Лигата на шампионите, на еден чекор се до групната фаза во елитното европско
клупско натпреварување, со самиот прогрес по автоматизам изборија директно
учество во групите од Лига Европа, при евентуална елиминација.
„А Бола“ пак пренесе дека синоќешниот меч за Ристовски, беше негов последен во дресот наРијека.
Извор/Фото-вест: record.pt