Ристовски доби нов тренер кој нема лиценца а Спортинг за него плати рекордни 10 милиони евра!

by
1 минути читање

Стефан Ристовски
и Спортинг добија нов тренер, се работи за 35 годишниот Рубен Аморим. Интересно
е што младиот стратег нема лиценца, ниту А-лиценца ниту пак УЕФА Про-лиценца,
но и покрај тоа, „лавовите“ платија рекордни 10 милиони евра за да го откупнат
неговиот договор од Брага.

Клубот од Лисабон
во својата историја само еднаш има потрошено 10 милиони евра и тоа за ангажман
на напаѓачот Бас Дост, кој е рекорден трансфер на Спортинг. 

Рубен Аморим исто
така не може да се пофали со некое големо тренерско искуство, на кормилото на
Брага беше само 13 натпревари
, но на овие средби забележа одлични резултати, односно 10 победи, едно реми
и два порази, а донесе и една титула откако го освои Лига купот и ова беше доволна препорака за лидерите на Спортинг.

Во пакет со него на „Жозе Алваладе“ пристигнуваат и Аделио Кандидо и Карлос Фернандеш, а како дел од тренерскиот
персонал ќе бидат и Емануел Феро и Тијаго Фереира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×