Утре на Максимир во Загреб, Динамо ќе го пречека Хајдук во уште една пресметка на вечните хрватски ривали.
Денеска пред хрватските медиуми на прес-конференција се појави Стефан Ристовски кој го кажа мислењето за утрешниот дуел.
„Тоа е најголемо дерби во хрватскиот фудбал, а се вели – дерби не се игра, туку дерби се победува. Така и ќе се поставиме, ни треба цврст гард со кој ќе покажеме дека Динамо е прав лидер и се надевам дека ќе успееме да дојдеме до трите бода“, вели Ристовски.
„Дербито е натпревар кој има посебен нагон и тука нема потценување. Секако дека уште е присутна таа еуфорија околу Лигата на шампионите и престојниот дуел со Баерн, но приоритет мора да ни биде хрватската лига и следниот натпревар против Хајдук. Мора да се поставиме лидерски“.