Ристевски: Се наежив кога свиреше химната, но ми беше тешко да го гледам мечот од клупа

by
1 минути читање

Ристевски синоќа не доби шанса да настапи против Австрија, остана на клупата за резерви.

„Се наежив кога свиреше химната, начинот на кој ја пеевме. А, тешко е да се гледа мечот од клупа. Селекторот така реши, а дечките одиграа навистина добар меч, јас бев спремен да влезам, ако се решеше селекторот за такво нешто. На крај, штета што загубивме зашто одигравме добар меч и се надевам ќе бидеме подобри во следниот со Украина“, вели Кире Ристевски.

Македонија за кратко време по третпат загуби од Австрија.

„Можеби не ни одговара тој стил, доста се корпулентни, високи, физички силни. Можеби не ни одговара таа нивна игра, иако мора да се носиме и со такви противници. За жал загубивме, а можеби требаше да одиграме поофанзивно и похрабро во завршницата“.

Во четврток од 15 часот играме против Украина.

„Со Украина ќе влеземе сто отсто, нашите навивачи заслужуваат еден добар резултат, макар една победа. Сите тие вложија многу напори за да дојдат тука и се надевам дека на крај ќе ги израдуваме. Мислам дека со Украина нѐ чека сличен меч како со Австрија, зашто станува збор за агресивна екипа, која знае да наметне темпо. Допрва ќе следуваат анализи за овој меч, а допрва ќе ги видиме насоките на селекторот. Но, мора да сме спремни за бора и агресивност“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×