Ристевски: Ова е најголемото дерби во мак-фудбалот, респект за Вардар ама ние сакаме победа

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Пелистер ќе биде домаќин на Вардар во натпреварот од 25. коло на ПМФЛ.

Во пресрет на дербито кое ќе се одигра во Битола, своите очекувања ги изнесе Александар Ристевски. Искусниот дефанзивец нагласи дека има почит кон ривалот, ама целта е победа.

Се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал. Горд сум што го носам дресот на Пелистер, ќе се бориме со сите  сили за да ги освоиме бодовите. Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво. Имаме многу респект за Вардар како колектив. Сепак, ние сакаме да одиграме за себе, за клубот и градот кој секогаш ни дава огромна поддршка. Се надевам дека епилогот ќе биде позитивен за нас“, изјави Ристевски.

„Вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар на „Петар Милошевски“ се игра в сабота во 15:00 часот, единствен дуел во овој термин. Останатите натпревари се в понеделник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани