Ливерпул и Тотнем одиграа 1-1, тоа беше крај на серијата порази за лондонскиот тим под водство на хрватскиот стратег Игор Тудор.
Тотнем по очајна низа на загубени мечеви гостуваше на жешкиот Енфилд, иако на хартија ова беше многу тежок меч за нив во овој момент, тие успеаа да излезат непоразени.
Ливерпул почна добро, Собослаи во 18. минута донесе водство за црвените. Во тие моменти се чинеше дека само прашање е со колку голови ќе победат.
Така беше се до 90. минута кога Ришарлисон реализираше за израмнување на 1-1.
Ова беше прв бод за Игор Тудор како тренер на Тотнем.