316
Многумина мислеа дека Ришарлисон го имитира Меси кој кон навивачите го покажа дресот од задната страна каде што е испишано неговото име и бројка.
Па голем дел од луѓето помислија дека Ришарлисон сакал да го имитира Меси но ја промашил страната, наместо своето име да им го покаже на навивачите, тој го покажа дресот од напред.
Но не е така, Бразилецот ја објасни прославата и им ги затна муцките на оние кои му се смееа.
„Играј за името напред на дресот и тие ќе го запаметат името кое е позади“, напиша Ришарлисон на социјалните мрежи.
Наместо свеото име, тој го покажува амблемот на клубовите каде игра.