Ришарлисон напиша историја во Евертон

by
1 минути читање

Ришарлисон игра
во фантастична форма и за мошне кратко ги освои симпатиите на фановите на
Евертон, и покрај црвениот картон кој го доби во ремито против Борнмут
изминатиот викенд, на Бразилецот не му се забораваат трите гола во двете
изминати кола досега.

Офанзивецот на
Карамелите веќе влезе во нотесот на селекторот на Бразил, Тите, кој сосема
очекувано упати покана до фудбалерот во сениорскиот состав на таа
репрезентација, па се очекува негово деби во таа конкуренција откако претходно
имаше 10 настапи за тимот за фудбалери до 20 годишна возраст.

40 милионското
засилување за Евертон ова лето на списокот ќе го замени неговиот поранешен
соиграч од Флуминенсе, Педро, кој е изоставен од списокот составен од 24
фудбалери за претстојните контролки со САД, односно Ел Салвадор.

Ришарлисон е првиот фудбалер на Евертон во неговата клупска историја, кој добил повик во сениорскиот состав на Бразил додека го носел дресот на Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×