Ришарлисон почна
одлично во новата сезона од Премиерлигата, во неговито нов клуб Евертон кој издвои
цели 44 милиони фунти за Бразилецот кој пристигна од Ватфорд ова лето.
И покрај тоа што
беше исклучен на мечот против Борнмут, 21 годишниот офанзивец со своите три
гола во почетните четири кола од Премиерлигата си заработи место во селекцијата
на Бразил, а тој откри што правел во моментот кога го добил повикот дека е
селектиран во составот на Кариоките од страна на селекторот Тите.
„Играв видео игри
со пријателите во мојот дом во тие моменти“ открива тој.
„Кога ми се
јавија бев многу изненаден во тој момент, не верував, бидејќи не очекував“ додаде фудбалерот кој испиша историја во Евертон со тоа што стана првиот од таа екипа кој ќе настапи во сениорскиот состав на Бразил.
Ришарлисон се
очекува да добие шанса за докажување и да дебитира на контролката на Кариоките
против САД претстојнава сабота. Потоа ќе следи уште една, и тоа против Ел
Салвадор.