Нема никакво
резултатско значење денешниот меч за Евертон, меѓутоа Карамелите не се штедат
против Манчестер јунајтед, па тргнаа со водство уште во 14. минута од средбата
на Гудисон Парк.
Убав гол постигна
Ришарлисон кој на акробатски начин реагираше во казнениот простор на гостите и
со полу-ножички успеа да го совлада Де Хеа.
Веќе во 28. минута Сигурдсон постигна исто така убав гол, од далечина, а со тоа донесе големи проблеми за тимот од Олд Трафорд.
Манчестер
јунајтед очајно му се потребни бодови на Гудисон Парк во битката за место во
топ четирите екипи сезонава во Премиерлигата, во моментов со овој резултат
заостанува два бода зад Арсенал кој денес игра на домашен терен против Кристал
Палас.
data-lang="en">