157
Вечерва сите англиски медиуми објавија дека Рио Фердинанд на 38 години сака да влезе во рингот.
Фердинанд на социјалните мрежи често постира видеа на кое тренира бокс, а беше и на Вембли во април да го гледа историскиот дуел помеѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко.
Многу брзо се очекува Фердинанд и официјално самиот да ги потврди и образложи своите планови за боксерската кариера.
Рио Фердинанд во 2015 години стави крај на фудбалската кариера, со Манчестер јунајтед шест пати ја освои Премиерлигата, еднаш Лигата на шампионите, има и 81 настап за англиската репрезентација.