Рингов ќе биде погребан утре на гробиштата во Ѓорче Петров

by Стефан
1 минути читање

Maкедонија денеска остана без Васил Рингов, еден од нашите најголеми фубдбалери кој почина по кратко боледување.

Погребот на македонската фудбалска легенда ќе се одржи утре во 13:00 часот на градските гробишта во Ѓорче Петров.

Рингов е Роден во Струмица во 1955 година, фудбалската кариера ја започна во Беласица, по што настапуваше за Партизан и Тетекс, каде се наметна како еден од најдобрите напаѓачи во Втората лига.

Во 1977 година пристигна во Вардар и стана еден од клучните играчи во периодот кога клубот се врати и се етаблира во Првата југословенска лига. Во дресот на црвено црните одигра повеќе од 200 првенствени натпревари и постигна 93 голови, оставајќи неизбришлива трага во клупската историја.

Во својата кариера имаше и кратки епизоди во Динамо Загреб и Ајнтрахт Брауншвајг, а круна беше титулата со Вардар во сезоната 1986/87. Забележа и еден настап за репрезентацијата на поранешна Југославија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×