754
Хрватското првенство оваа сезона е доста возбудливо, а лидерот Ријека остана без еден многу важен фудбалер.
Потешка повреда заработи столбот на одбраната Стјепан Радељиќ. 27-годишникот го очекува пауза од два до три месеци. Тој има хиперекстензија на коленото, повреда која се лекува со мирување и терапија, а не е потребен оперативен зафат.
Радељиќ ќе скокне доста важни натпревари, нема да игра против Локомотива, Вараждин, Истра 1961, Осијек, Динамо и Хајдук.
Инаку, Ријека во моментов е водечка, но го дели врвот со Хајдук со по 36 бода. На третото место котира Динамо Загреб со 29, а потоа следат Осијек и Вараждин со по 26.