Ријека ќе ја наполни касата од Ристовски, Македонецот трет најскап фудбалер кој заминува

by
1 минути читање

По две одлични сезони во Ријека во кои беше прогласуван за најдобар бек, Стефан Ристовски прави чекор напред во својата кариера и потпишува за Спортинг Лисабон.

Заминувањето на Ристовски е удар за амбициите на Ријека и покрај тоа што хрватскиот клуб добро ќе заработи.

Португалскиот клуб за трансферот на Ристовски ќе плати 3,5 милиони евра, што е трета највисока сума која ќе ја добие Ријека за продажба на фудбалер.

Ријека најмногу има заработено од продажбата на Андреја Крамариќ во Лестер, дури девет милиони евра. Матеја Митровиќ во Бешикташ отиде за 4,2 милиони евра. Зад Ристовски е Роман Безјак со 3 милиони евра во Дармштад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани