13
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер си призна дека не е, а ниту може да се однесува добро кон противниците за време на натпреварите.
Ридигер важи за бескомпромисен дефанзивец кој често знае да оди по работ на црвен картон.
„Доколку сакате да се специјалист за 1 на 1 на ова ниво, тогаш не можете да бидете добар кон противниците. Треба да направите напаѓачот да чувствува дека нема да биде пријатно за него“, вели Ридигер.
„Да бидам цврст дефанзивец е дел од мојата ДНК“.