Рибери стави потпис на договор со Фиорентина, познат е и бројот со кој ќе игра

by
1 минути читање

Французинот по 12 години во Баерн, ова лето го напушти Минхен и доби неколку интересни понуди за продолжување на кариерата. На крајот тој ја одбра Фиорентина како негова следна дестинација и денеска пристигна во Фиренца, каде еуфорично беше пречекан од стотици фанови.

Франк Рибери потоа по брза постапка ги мина редовните лекарски прегледи и стави потпис на договорот.

Во краткото известување на „виолетовите“ нема никакви детали за соработката, а според пишувањата на медиумите, играчот ќе се обврзе на две години и ќе има основна плата од 4 милиони евра.

Промоцијата на Франк Рибери е закажана за утре со почеток во 17:30 часот на „Артемио Франки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×