Рибери има 36 години но се покажува како клучно засилување за Фиорентина, Французинот игра во голем стил, а синоќа на Сан Сиро беше еден од најимпресивните играчи.
„Среќен сум, секогаш е посебно кога играте на Сан Сиро. Тоа е голема арена со многу фанови. Сега е малку тешко за фановите на Милан, ние одигравме добро и тоа е важно за нас“, вели Рибери.
„Да, стар сум, но се чувствувам млад на теренот! Фудбалот е мојот живот, го сакам. Гладен сум за нови успеси, возбуден сум што Фиорентина игра добро“.
„Дојдов да и помогнам на Фиорентина, на фудбалерите, фановите и среќен сум, но треба да работам секој ден за секој меч да играм како вечерва“.
Искуството на Рибери му помага на Федерико Киеза кој е главниот напаѓач на Фиорентина и се прогнозира дека пред него е голема иднина.
„Федерико е добар фудбалер. Секогаш зборувам со него и тој слуша. Тоа е важно за него и за тимот“.