Фиорентина загуби со 2-1 на свој терен од Лацио, Рибери предвреме беше изваден од игра, нервозата кај Французинот кулминираше по мечот.
По последниот свиреж на судијата, фудбалерите на Фиорентина ги опколија судиите и вербално се бунеа за дел од одлуките во финишот, но Рибери отиде чекор подалеку, тој имаше физички дуел со асистентот.
Од Лега Серија А потврдија дека на Рибери му е покажан директен црвен картон по мечот, а дополнително ќе биде утврдено колку мечеви ќе биде суспендиран.
Физичките контакти со судиите се сметаат за многу сериозен прекршок, па се верува дека Рибери ќе добие најмалку три меча суспензија.
#Ribéry La presa bene…maxi squalifica! #FiorentinaLazio pic.twitter.com/rkcrnd3v9q
— ⓛⓤⓒⓐラツィオ (@Luca_Twitte) October 27, 2019