Неочекуван избор во составот на англиската репрезентација направи селекторот Томас Тухел, кој му испрати повик на резервниот голман на Брајтон, Џејсон Стил.
Интересно е што искусниот чувар на мрежата оваа сезона нема настап во Премиер лигата, но и покрај тоа доби шанса да биде дел од составот за пријателските натпревари. Одлуката се толкува како потег насочен кон атмосферата и тимската хемија.
Стил го прифатил повикот без двоумење, иако претходно имал планиран одмор со семејството.
„Да, имав резервирано одмор, но тоа не е проблем. Сопругата ќе се погрижи за сè. Не постои сума на пари поради која би ја пропуштил оваа можност“, изјави Стил.
Во конкуренција за голманската позиција се и Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Дин Хендерсон и Џејмс Трафорд, па јасно е дека неговата улога најверојатно ќе биде во втор план.