Резервистите со доцни погодоци ги спасија Аргентина и Бразил од нови бламажи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Термините на УЕФА
за квалификациите за ЕП, репрезентациите од Јужна Америка ги користат за
воигрување и испробување нови играчи.

Минатата недела, Аргентина беше понижена од Венецуела, додека Бразил одигра
скромни 1-1 со Панама. Двете фудбалски велесили и денеска беа на прагот на нова
бламажа, но резервистите со доцни погодоци донесоа победи.

Кореа реализираше
во 83. минута и донесе минимален триумф на „гаучосите“ од 0-1 над Мароко.

Во Прага, Габриел
Жесус два пати стрелаше во финишот од мечот и сe погрижи „кариоките“ со 1-3 да
триумфираат над Чешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани