Револуцијата на Милан, комплетно нова структура и три засилувања за еден месец

by
2 минути читање

Откако клубот
премина во рацете на ивеститори од Далечниот Исток, веднаш беше разрешен првиот
човек, Адриано Галијани и на негово место беше поставен Марко Фасоне.

Новиот генерален
извршен директор направи огромни промени во раководната структура.

Тој го ангажираше
Масимо Мирабели за нов спортски директор, го постави Андреа Ромео за нов тим
менаџер, а Антонио Д’Отавио е именуван за прв човек на скаутите.

Милан има и нов
доктор, оваа функција во иднина ќе извршува Џанлука Мелегати, а беше променет и
тренерот на резервниот тим.

Легендата Џенаро
Гатузо ќе биде задолжен за Примавера тимот.

Покрај промените
во раководната структира, беа донесени и три засилувања: Матео Мусакио од
Виљареал, Франк Кеси од Аталанта и Рикардо Родригез од Волфзбург.

Но Милан нема да
застане тука, „Росонерите“ се обидуваат да донесат уште неколку засилувања.

Биглиа и Кеита од
Лацио се на листата со желби, како и Конти и Гомес од Аталанта.

Цел е и нов
голгетер од светска класа, кој ќе се бара помеѓу Мората, Белоти, Диего Коста и
Андре Силва.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани