263
Фудбалерите на Челси забележаа заслужена победа на почетокот на Светското клупско првенство, триумфирајќи со 2-0 против Лос Анџелес ФК.
Внимание од овој натпревар во кој „сините“ ја оправдаа фаворитската улога привлече и голот кој го постигна Педро нето и тоа поради камерата која ја носеше судијата.
Имено, за првпат на турнирот во САД судиите имаат камери на себе, а сега беше објавено видео на кое може да се види како изгледаше овој погодок од агол на главниот судија на теренот.