Ревија на атрактивни голови на Бернабеу, Бејл и Иско ја кренаа публиката на нозе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Герет Бејл не
ужива голема доверба кај Зидан оваа сезона, но Велшанецот покажа зошто Реал
Мадрид искешира 100 милиони евра за да го донесе во своите редови.

По половина час
игра, Бејл доби топка во фор, го претрча противничкиот играч и откако забележа
дека нема со кого да проигрува, со извонреден допир на прва се ослободи од
својот чувар и потоа маестрално пласираше на подалечната статива за ерупција на
на Бернабеу.

Само 120 секунди
подоцна, целиот стадион одново беше на нозе, овој пат за публиката да ја поздрави
мајсторијата на Иско. Шпанецот од работ на шеснаесетникот прекрасно погоди во
аголот и не му остави простор на гостинскиот голман за интервенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×