Ретро: Во меч со пет гола, Македонија ја победи Р. Ирска, Христов погоди за најавни шпици! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

На 2 април 1997 година, македонската фудбалска репрезентација ја забележа дотогаш една од своите најголеми победи, на „Градски“ во Скопје ја совладавме Република Ирска со 3-2.

Тоа беше меч од квалификациите за Светското првенство во Франција 1998 година.

Ирците во Скопје допатуваа како фаворити, но ние им „земавме мерка“ и им ја расипавме математиката за пласман на Мундијалот.

Ирска добро го почна мечот, поведе со гол на Меклоглин, но потоа следуваа два пенали за Македонија кои ги реализираше Митко Стојковски, направивме комплетен пресврт и поведовме со 2-1.

Ѓорѓи Христов во 60. минута од натпреварот даде прекрасен пречка-гол. Овој погодок тогаш беше прогласен за гол на колото на „Еуроспорт“ која правеше преглед на квалификациските дуели.

До крајот на мечот Ирците преку Кели успеаа само да го ублажат поразот поставувајќи ги конечните 3-2.

За одбележување е и фаулот за во „затвор“ на Мекатир врз Шаќири. Ирскиот фудбалер заработи црвен картон, но предизвика и лута реакција на нашите фудбалери при која поцрвене и Митко Стојковски.

Состави:

Македонија: Целески, Марковски, Николовски, Седлоски, Стојковски, Христов, Шаќири, Главевски, Гошев, Милосавов, Шаиноски (замени: Бегановиќ, Ѓорѓиoски, В.Мицевски)

Селектор: Ѓоко Хаџиевски

Рапублика Ирска: А.Кели, Стонтон, Брин, Ирвин, Фелан, Кин, Мекатер, Меклоглин, Таунсенд, Каскарино, Гудман (замени: Онил, Харт, Д.Кели)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани