Ретко кој би очекувал дека Гризман вака ќе се снајде во улога на голман… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Селекцијата на Франција
се подготвува за двата контролни меча во интернационалната пауза, најнапред
против Велс, а потоа и против Германија.

Бележиме една интересна
ситуација на тренинзите на „Триколорите“, на чиј гол се појави офанзивецот на
Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, кој, ќе се сложите, покажа големи квалитети на
таа позиција.

Инаку, што се однесува
пак до Французинот, тој е далеку од формата која сме навикнати да го гледаме,
има постигнато само два гола во девет настапи во Примера, а шефот на стручниот
штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ја призна очајноста на Гризман при што
додаде дека сезоната е долга и клубот мора да го поддржува постојано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×