Репрезентацијата на Зеленортски Острови вчера се избори за пласман на Светското првенство и така стана најмалата земја која ќе учествува на еден Мундијал, а сега се појави уште една хит приказа поврзана со оваа селекција.
Имено, во оваа репрезентација игра фудбалер кој од луѓето во репрезентацијата беше пронајден на социјалната мрежа „Линкдин“.
Станува збор за Роберт, Пико Лопез, дефанзивец кој е роден и растеше во Ирска, а долг период настапува за Шамрок Роверс. Тој е и еден од најважните фудбалери на оваа селекција.
Него, раководството на оваа репрезентација го пронашло на „Линкдин“ и го убедиле да настапува за нив, бидејќи прочитале дека има потекло од оваа земја.
Неговиот татко е од Зеленортски Острови, додека мајка му е од Ирска.
Интересно е што сојузот го контактирал прво на португалски јазик, но таа порака Лопез воопшто не ја разбрал, па продолжиле да разговараат на англиски.