167
Академија Пандев во минатото коло се радуваше на голема победа над Шкендија, но денеска го доживеа третиот пораз оваа сезона.
12 минути траеше блесокот на Ренова, од 27. до 39. минута, Гафури, Мишковски и Лусао постигнаа голови за убедливо водство од 3-0.
Академија Пандев до крајот на мечот преку Марков успеа само да постигне почесен гол.
Утре се играат преостанатите четири меча од колото: Силекс – Вардар, Работнички – Шкупи, Победа – Шкендија, Скопје – Пелистер.