Глазгов Ренџерс на домашен терен загуби од Рома со 0-2 во меч од Лига Европа, македонскиот напаѓач Бојан Миовски од клупата го почна натпреварот, во игра влезе во финишот.
Со голови на Суле и Пелегрини во првото полувреме, Рома дојде до трите бода од Глазгов.
Миовски во игра влезе во 73. минута од мечот, но не успеа да го искористи времето за да ја затресе мрежата на римскиот клуб.