Ренџерс загуби на домашен терен, Миовски одигра десетина минути!

by riste
1 минути читање

Глазгов Ренџерс загуби со 1-0 од Генк на домашен терен во меч од Лига Европа, Бојан Миовски влезе од клупата за резервни играчи.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 41. минута кога Диоманде заработи црвен картон и го остави Ренџерс со фудбалер помалку.

Длабоко во судиското продолжение Ох Хејун-Гиу не реализираше пенал за Гент.

Но, тој се искупи по десет минути игра во вториот дел кога постигна гол за победа на белгискиот тим од 1-0.

Миовски во игра влезе во 80. минута, но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.

Најубедлив вечерва беше Панатинаикос кој победи на гостувањето кај Јанг Бојс со 4-1, Астон Вила со 1-0 ја совлада Болоња, Порто со истиот резултат победи кај Салцбург.

Гостинска победа славеше и Лион кај Утрехт, Штутгарт со 2-1 ја совлада Селта, а немаше победник на мечот меѓу Ференцварош и Викторија Плзен, тој дуел заврши 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×