9
Иако Бојан Миовски неодамна постигна хет-трик во шкотскиот куп, денеска не беше стартер на мечот од Лига Европа меѓу Ренџерс и Лудогорец кој заврши со победа на неговиот тим од 1-0.
Голот беше дело на Диоманде во 33. минута од натпреварот. Миовски во игра влезе во 64. минута.
Најубедлив беше Динамо Загреб кој со 4-1 ја победи Стеауа, Рома со 2-0 го совлада Штутгарт.
Нотингем форест со 1-0 загуби на гостувањето кај Брага, а Селта го совлада Лил дома со 2-1.
Ница со 3-1 славеше над Гоу Ахед Иглс, со истиот резултат Салцбург беше подобар од Базел. Нерешено 1-1 заврши мечот меѓу Ференцварош и Панатинаикос.