Ренато Санчез не го прослави својот првенец за Баерн, па доби аплауз од 60.000 фанови на Бенфика (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Талентираниот
фудбалер од средниот ред се пресели на Алианц Арена во 2016 за 35 милиони евра,
но зделката со бонуси може да порасне до фантастични 80 милиони евра.

Ренато Санчез
сепак прикажа премалку во својата прва сезона во Баерн, па следните 12 месеци
ги помина на позајмица во Свонси каде целосно се изгуби.

И покрај тоа што
конкуренцијата во средниот ред на „Баварците“ е огромна, Нико Ковач реши да му
даде шанса, и вечерва Португалецот беше стартер во Лигата на шампионите.

На „Да Луж“ тој
го постигна својот деби погодок, но не се израдува премногу бидејќи го даде
против својот поранешен клуб. Ренато Санчез побара прошка од фановите, кој
станаа и го поздравија со аплауз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×