Рен трие раце: По понудата на Баерн од 55 милиони евра, ПСЖ на маса стави 60 милиони

by bojan
1 минути читање
Дуе

Се разжестува трката за перспективниот Десире Дуе од Рен, Баерн Минхен испрати нова понуда вредна 55 милиони евра, а ПСЖ е подготвен да оди чекор понапред и на маса да стави 60 милиони евра.

19 годишниот Десири Дуе важи за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација и подолго време е во бележникот на гигантите ширум Европа.

Баерн Минхен минатата недела достави предлог вреден околу 45 милиони евра, кој веднаш беше одбиен од Рен.

„Баварците“ сега се вратија со нова понуда вредна 55 милиони евра сосе бонуси.

Но само неколку часа подоцна пристигна информација дека ПСЖ е подготвен да оди чекор понапред и на маса да стави 60 милиони евра.

Првиот човек на „светците“, Насер Ал Келаифи лично се вклучил во преговорите во намера да го убеди Десире Дуе да се пресели во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани