Французинот треба
да биде замена за Нејмар во Барселона, и иако Борусија Дортмунд денеска соопшти
дека понудата на „Каталонците“ не ги задоволува нивните барања, за очекување е
двата клуба да пронајдат заеднички јазик во следните денови.
Медиумите од
Шпанија и Франција се убедени дека ќе падне договор за трансфер вреден околу
130 милиони евра, од кои барем најмалку 100 милиони ќе бидат фиксни а
останатите во бонуси.
Преговорите будно
ги следат и лидерите на Рен, клубот од Франција ќе испише нови страни без
практично да продаде играч.
Рен минатото лето
го продаде Осман Дембеле на „Милионерите“ за само 15 милиони евра иако добија
многу побогати понуди, но во исто време си обезбедија и 25% од следниот
трансфер.
Па сега тие можат
да добијат дополнтелни 25 до 30 милиони евра, сума која ќе биде најголема во
нивната клупска историја.