Рен им одржа лекција на ѕвездите на ПСЖ, новото коло во Франција почна со изненадување (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Ѕвездите на ПСЖ добија лекција на гостувањето кај Рен, домаќинот славеше со 3-1 и иако беше во длабока криза, успеа да издвојува голема победа против лидерот на табелата.

Новото коло во Франција почна со изненадување, Рен со 3-1 го совлада ПСЖ.

Домаќините беа во серија од четири порази, но и покрај тоа успеаја  да издвојуваат голема победа против лидерот на табелата, и актуелен шампион.

Откако „светците“ не искористија неколку добри шанси, Тамари казни и убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот за 1-0 во 34. минута.

ПСЖ во второто полувреме притисна, но недостасуваше конкретна завршница, па Лепол по еден корнер ја затресе мрежата на Сафонов за 2-0.

Дембеле веднаш намали на 2-1, но наместо гостите да се вратат во игра, промашија неколку добри шанси па казната стигна на спротивната страна, Емболо реализираше за 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×